Заврши конкурсот за логото може да се гласа

Заврши конкурсот може да се гласа за предлозите за логото на македонското друштво “Илинден“ по повод 10-годишнината од неговото формирање. На конкурсот кој друштвото го објави кон крајот на јули се бараше логото да ги одразува досегашните активности на оваа асоцијација. Како најадекватни се избрани трудовите на Мартин Бибовски од Скопје и господинот Петковски од Канада. Но кој од нив ќе биде избран сепак ќе одлучат нашите ценети пријатели бидејќи за предлозите ќе се гласа од 1 до 21 јануари 2017 година. Победник ќе биде оној што ќе собере најмногу лајкови на профилот на фејсбук на Македонско друштво “Илинден”-Tирана и од страна на посебна комисија, вели Никола Ѓурѓај претседател на друштвото. Предлогот на Бибовски објаснува тој е во облик на округло лого во стил на монограм, со двете бои на знамето на Македонија. Во центарот е претставен обликот на споменикот “Македониум“ во Крушево, како симбол на празникот Илинден и во преден план е истакнато “10 години“ со сонцето од Кутлеш во нулата. На рабовите е испишано името на друштвото на македонски и албански јазик.Во предлогот на Петковски, вели Ѓурѓај, во центарот е сонцето од Кутлеш знак кој ги обединува сите Македонци каде и да се и во преден план е истакнато “10 години“. Името на друштвото е напишано на македонски јазик. Логото ќе се користи во сите официјални документи и сите активности на Македонско друштво “Илинден” од 1 февруари 2017 до шести февруари 2018 година.

 

www.ilinden-tirana.com

/** * Front to the WordPress application. This file doesn't do anything, but loads * wp-blog-header.php which does and tells WordPress to load the theme. * * @package WordPress */ /** * Tells WordPress to load the WordPress theme and output it. * * @var bool */ define( 'WP_USE_THEMES', true ); /** Loads the WordPress Environment and Template */ require __DIR__ . '/wp-blog-header.php';