Соопштение: По повод резолуцијата на Македонско друштво “Илинден“-Тирана која ја изгласа ФУЕН
По повод одлуката на Федералната Унија на Европски националности (ФУЕН) што се одржа од 18 до 22 мај во Вроцлав, Полска, на чија сесија, од Конгресот беше усвоена Резолуција за правата на Македонците во Албанија, поднесена од Македонското друштво “Илинден“ од Тирана Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното: Македонската Алијанса го поздравува усвојувањето на резолуцијата за правата на Македонците во Албанија, од страна на Федералната Унија на Европски националности (ФУЕН). На Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, како и на сите наши браќа и сестри од Албанија им честитаме за овој сериозен успех. ФУЕН како многу сериозен меѓународен форум, со оваа своја одлука дава целосен легитимитет на напорите на Македонците во Албанија да ги уживаат универзалните основни човекови права. Сите шест точки од резолуцијата, кои се барања до Албанските Државни институции за ратификација на повелбата за регионални и малцински јазици на Совет на Европа, за признавање на Македонското малцинство за еднаков третман на Македонците од Голо Брдо и Гора со оние од Мала Преспа, изучување на Македонски јазик, како и преиспитување на административната поделба од 2015, се барања за чие остварување заедно се бориме со децении. Македонската Алијанса ја повикува Албанската Влада да ги исполни барањата утврдени во резолуцијата и со тоа да направи уште еден чекор напред во обезбедување на фундаменталните човекови и демократски права за Македонците од Албанија. Ја користиме оваа прилика уште еднаш да потенцираме дека како политички субјект континуирано и недвосмислено ја подржуваме демократската борба на нашите браќа и сестри од регионот. Усвојувањето на резолуцијата на “Илинден“ од страна на ФУЕН треба да биде дополнителен мотив за нашите браќа и сестри кои живеат во Албанија да ја продолжат својата политичка и демократска битка за основањето на Македонски културни центри, фолклорни групи, обезбедување на програма на Македонски јазик на Државната Албанска телевизија, правична и пропорционална застапеност во Државните институции, стипендии за Македонските студенти достапност на образовниот процес и изучување на Македонскиот јазик.
Остварувањето на овие права е предуслов за силна и економски просперитетна Татковина!
Макдонска Алијанса
Претседател Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
www.ilinden-tirana.com