Соопштение
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо најостро ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, кој во својот коментар во весникот “Лајм“ тврди дека Македонци муслимани не постојат, дека тие се ѓаволско дело и претставуваат “ин-витро нација создадена од партијата ВМРО-ДПМНЕ“. Македонците муслимани во Република Албанија имат своја традиција и се на овје простори автоктони. Македонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека изјавата на поглаварот на ИВЗ е крајно недолична, недозволива и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на македонците муслимани во Албанија. Поради недоличната изјава на поглаварот, Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара Реисетот на ИВЗ на Република Македонија безусловно да се извини до муслиманите Македонци и до македонскиот народ во целина!
Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај
Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо
Претседател Ули Халилај
www.ilinden-tirana.com