Се промовира книгата “Заштита на малцинствата и нивниот третман во Република Албанија”
Македонско друштво” Илинден”-Тиранa со преставниците г-дин Нико Китани член на Македонско малциство во државниот комитет за малциства и г-ѓа Фидана Ќулханџиу член на друштвото беа присутни на 12.11.2015 година во Тирана на промоција на книгата “Заштита на малцинствата и нивниот третман во Република Албанија” одржана на годишниот саемот од книгата во Тирана од авторот Јонлинда Хада. Во книгата се говори за малцинствата во Република Албанија како македонското, грчкото, потоа србо-црногорците, ромското и влашкото. Исто така, се зборува и за непризнатите Бошњаци и Еѓипќани. Авторката ги пренесува сопствените истражувања околку малцинствата во Албанија, нивната состојба и нивните барања. Исто така, во книгата се анализира и законската рамка во Република Албанија за малциствата. Според промоторите, овaа книгa многу ќе помогне за осознавање на состојбата на малциствата во Албанија и нивна промоција, а со самото тоа и на македонското малцинство во Република Албанија.
г-ѓа Јонлинда Хада автор на книгата и г-дин Нико Китани член на Македонско малциство во државниот комитет за малциства
г-ѓа Фидана Ќулханџиу член Македонско друштво” Илинден”-Тиранa
Биографија на авторот:
Јонлинда Хада, е родена во 1986 година во Тепелена. Основно образование завршила во родното село, а во периодот од 2004-2008 година студирала на Универзитетот Тирана насока „албански јазик и литература“. Во 2009-2012 година во Европскиот Унверзитет во Тирана заврши Правен Факултет. Работи како помлад експерт во Парламентот на Република Албанија.
www.ilinden-tirana.com