Се промовира книгата Етнографија на Голо Брдо

Календар на верски православни и пагански празници кои се слават во Голо Брдо.


 

На нај големиот годишен саем за книга што се одржува во Тирана од 12-16 ноември 2014 се промовира книгата “Етнографија на Голо Брдо” на Македонски јазик и Албански јазик. Бројот на верските празници кои ги славеле и ги  слават во Голо Брдо е доста голем, се со многу обичај, верување, легенди и кажување. Македонците во Голо Брдо верските празници ги славеле и ги слават по Јулианскиот календар. Овој календар се потготви на продолжение на ракописот на поп Тодор и синот Ванѓел.Ракописот почнат а недозавршен од покојните Поп Тодор Плеушкоски и Ванѓел Плеушкоски авторите Цветан Зафир Мазнику, Вита Блаже Која, Митре Стојан Шутку го дополнија и го печатија овој календар.Заслугата на подготвувањето на овој календар е само на Поп Тодор и Ванѓел Плеушкоски. Поп Тодор со големо срце и внимание не само во срква но и дома а и по селата во Голо Брдо и надвор од Голо Брдо во Пешкупија и Пешкуписко Поле, Каваја, Драч.

Биографија на авторите:

Цветан Зафир Мазнику, роден на 1938 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија завршил во Драч.Во 1957 година почна да студира за рударство во Лениград, Руска Федерација.

Вита Блаже Која, родена на 1957 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование завршила во родното село, а гимназија завршила во Тирана. Во 1980 година го завршила Економски факултет, додека од  1984 година работи како професор на Економскиот факултет во Тирана. Специјализирала на неколку универзитети во Македонија, Италија, Франција.

Митре Стојан Шутку, роден на 1948 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, а гимназија и факултет во Тирана. Во текот на 20 години  работел како учител по селата во Голо Брдо, а 10 години како професор во Тирана.

На авторите му помогна: Павли Никола, Јованка Плеушкоски, Миланка Која, Вело Цфарку, Војдана Зибитку, Спаса Мирче, Славка Вело Шутку, Пауна Која, Фидан Марку, Вело Милоши, Славка Трајче Шутку, Арјана Шутку.

Овa книгa ке помогне многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија.


www.ilinden-tirana.com

/** * Front to the WordPress application. This file doesn't do anything, but loads * wp-blog-header.php which does and tells WordPress to load the theme. * * @package WordPress */ /** * Tells WordPress to load the WordPress theme and output it. * * @var bool */ define( 'WP_USE_THEMES', true ); /** Loads the WordPress Environment and Template */ require __DIR__ . '/wp-blog-header.php';