Јавна дебата “Значењето и улогата на дијаспората”
Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај учестуваше како гостин на првата јавна расправа на тема “Значењето и улогата на дијаспората за Република Македонија-економски и политички аспекти“ што се одржа денеска во организација на собраниската Комисија за надворешна политика во Собрание на Република Македонијана. Учесници на јавната дебата беа г-дин Димитар Богов гувернер на Народна Банка на Република Македонија, г-дин Веле Самак Министер за странски инвестиции, г-дин Павле Саздов пратеник од дијаспората, г-дин Васил Наумов директор на Агенцијата за Иселеништво на Република Македонија, и г-дин Златко Николоски автор на книгата Македонска Диаспора.
Во расправата Димитар Богов, гувернер на Народна банка на Република Македонија, потенцира дека според истражување на ММФ, врз основа на податоци од СБ, бројот на перманентно иселени лица од Македонија од 1990 до 2000 година изнесува околу 17 проценти од вкупното население, од нив 24 проценти се високостручни лица. Дознаките од странство се околу 18 проценти, а трговскиот дефицит на Македонија е околу 23 проценти. Дознаките значително го стеснуваат тоа, кога на тоа ќе се додадат и останатите категории доаѓаме до дефицит на тековната сметка во последните четири години од два процента. Без овие приливи дефицитот во платниот биланс би бил повисок рече Богов. За политичките аспекти, пак, беше истакнато дека гласањето на дијаспората во РМ е скромно возвраќање и инвестиција за привлекување поголем интерес од македонското иселеништво кон татковината. Тоа право на глас го имаат и многу други држави. Сметам дека треба да го задржиме и да ги олесниме и поедноставиме процедурите кои се однесуваат на искористувањето на ова право, за да можеме во иднина да имаме уште поголем потенцијал рече Милошоски.
www.ilinden-tirana.com