Претседателот на МД ”Илинден”-Тирана оствари работна средба со државниот секретар во МНР
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај на 16.01.2018 година во Министерството за надворешни работи на Република Македонија оствари средба со г-дин Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Виктор Димовски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малциство во Република Албанија. Секако г-дин Виктор Димовски беше информиран и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Албанија. Државниот секретар во Министерството за надворешни работи г-дин Виктор Димовски покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Албанија, и многу отворено се разговараше за можни активности за надминување на проблемите на Македонците во Албанија. Секако, во опсегот на неговите надлежности, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, искажа подготвеност да помогне за подобрување на малциските права на Македонците во Албанија. За непосредната и срдечна средба, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло му се заблагодарува на г-дин Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи.
www.ilinden-tirana.com