Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари работна средба со Амбасадорот на Македонија во Албанија Данчо Марковски

Претседателот на македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај во македонската амбасада во Тирана остврави работна средба со амбасадорот Данчо Марковски. На средбата Ѓурѓај го информирал амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. При тоа беа актуализирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малциство во Албанија. Секако амбасадорот беше информиран и за активностите на нашето друштво кое со години е активен субјект меѓу македонската заедница, како и за активностите во Федералната Унија на европските националности (ФУЕН), каде што сме рамноправна членка. Додава дека Марковски покажал исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Многу отворено разговараме за можни активности за надминување на проблемите на Македонците во оваа држава. Секако, во опсегот на неговите надлежности, амбасадорот, Марковски искажа подготвеност да помогне за подобрување на малцинските права на Македонците, посочува тој. Ѓурѓај искажал голема благодарност, за како што оценува, непосредната и срдечна средба.