По реакцијата на Македонското друштво “Илинден“-Тирана ОБСЕ со формулари и на Македонски јазик
По реакцијата на Македонското друштво “Илинден“-Тирана формуларите за истражувањето што го врши ОБСЕ се испечатени и на македонски јазик. ОБСЕ спроведува истражување на темата за можностите на националните малцинства како мост-градители. Истражувањето се спроведува од страна на високиот комесар на ОБСЕ заедно со Европскиот центар за малцински прашања (ЕЦМП) во Фленсбург Сојузна Република Германија. Ние реагиравме и баравме формулари да има и на македонски јазик што е прифатено вели г-дин Никола Ѓурѓаj претседател Македонското друштво “Илинден“-Тирана Според него анкетата но и барањето за формулари и на македонски јазик е подржано и од Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).
www.ilinden-tirana.com