МД “Илинден”-Тирана бара Бугарија да престане Македонците во Албанија да ги именува како бугари
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ја осудуваат бугарската агресивна политика кон Македонците во Албанија во обидите за нивна асимилација, давајќи им бугарски државјанства и ветувајќи им образование на бугарски јазик. И покрај законот за националните малцинства во кој што Тирана го впиша непостоечкото “бугарско малцинство“ во Албанија, под закана на Софија со вето врз преговорите на Албанија за членство во Европската Унија, Македонците во Албанија упатуваат сериозно предупредување до Софија, дека во Албанија нема бугари освен во бугарската амбасада во Тирана! Македонците во Албанија не се Бугари. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ја осудуваат дводневната посета на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во горанското село Шиштевец на општина Кукс во Северо-источна Албанија каде живеат само Македонци. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ја потсетува бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека Македонците во цела Албанија говорат македонски јазик. Македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот јазик! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ја повикува Владата во Тирана да се откаже од отворање училишта на бугарски јазик за Македонците во областа Гора бидејќи тоа претставува геноцид врз Македонците во Албанија и врз Македонскиот народ во целина. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо кја повикува Владата во Македонија да демонстрира силна грижа за унапредувањето на положбата и правата на Македонците во Албанија, и да не дозволи отварање на бугарски училишта за Македонците во Албанија.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај
Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо
Претседател Или Халилај
www.ilinden-tirana.com