Македонското друштво „Илинден“-Тирана го поздрави функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана
Македонското друштво „Илинден“-Тирана го поздрави функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана, оценувајќи дека е одлична можност Македонците во Албанија да се информираат за активностите на амбасадата. Поздравувајќи го овој потег на македонската амбасада во Тирана, ги повикуваме сите Македонци во Република Албанија да ја искористат можноста за брзо и навремено информирање со активностите на амбасадата, стои во соопштението на друштвото, во кое се наведува и адресата https://www.facebook.com/MKembassyALB/. Се додава дека ова е можност Македонците, од сите делови на Албанија, да го информираат амбасадорот за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Исто така апелираме, преку оваа страна на амбасадата да го информирате македонскиот амбасадор за сите важни прашања за животот и потребите на Македонците раселени низ албанската држава. Тоа со цел од негова страна да се помогне во надминување на нашите проблеми, посочува во своето соопштение Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Реакцјата на друштвото следува откако за почетокот на функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана, информираше амбасадорот Дaнчо Марковски, со обраќање до сите заинтересирани за ангажманот на амбасада. Драги пријатели, со особено задоволство сакам да ве информирам дека започна да функционира Фејсбук страната на македонската амбасада во Тирана. Корисна алатка преку која ќе можете да ги следите најинтересните случувања и активности од нашата работа, информираше амбасадорот Марковски преку објава на македонски, албански и англиски јазик. Додава дека во исто време страната ќе биде „ваш hotspot на информации и сервисни услуги за прашања од сферата на економијата, трговската соработка, културата, образованието и туризмот“.