Македонско друштво “Илинден“-Tирана го поздравува говорот на македонски јазик на Васил Стерјовски во Собранието на Република Албанија

Од создавањето на албансктата држава во 1912 година до денес, на нејзина територија живеат илјадници Македонци. Македонското население во Албанија е политички организиран во единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција. Од нејзините редови македонското национално малцинствво во Албанија го претставува Васил Стерјовски, како пратеник во албанскиот Парламент. Според неговите настапи и ефектите од неговата работа, Македонците имаат достоен претставник во албанскиот највисок дом. На 16 март 2021 година, Васил Стерјовски, за прв пат во историјата на албанскот Парламент ги поздрави Македонците во Албанија на нивниот мајчин македонски јазик. Според Македонско друштво “Илинден“-Tирана ова кратко обраќање на Стерјовски, е еден историскимомент за македонското малцинство во Албанија. Македонско друштво “Илинден“-Tирана го поздравува и посакува да биде пракса и во иднина. Воедно, ја изразуваме и нашата желба за тоа, Васил Стерјовски да обезбеди нов мандат за пратеник во албанското Собрание и да продолжи со рабората на подобрување на животните и работните услови на Макеонците во Албанија.