Македонско друштво “Илинден“- Тирана бара правда од Комесарот за заштита од дискриминација

 

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана откако не добило одговор, по низата барања до Министертвото за образование и спорт, да се овозможи настава на мајчин македонски јазик за децата во Голо Брдо, правдата се одлучи да ја бара кај Комесарот за заштита од дисркиминација. Барања за настава на мајчин македонски јазик, во континуитет сме доставувале уште од 2010 година. Но до сега немаме добиено никаков одговор. Ние го бараме нашето легитимно право кое ни следува, да се обрзуваат нашите деца на македонски јазик кој им е мајчин и до поаѓање на училиште друг јазик не знаат. Каква демократија е ова, да не можe децата да збразуваат на свој мајчин јазик. Македонците во Албанија се локални граѓани на Република Албанија плаќат даноци а немат ни основни права. Македонско друштво “Илинден“-Тирана се надева дека Комесарот ќе влијае врз Министерството за да конечно ова барање добие позитивен одговор.


www.ilinden-tirana.com