Македонско друштво “Илинден“-Тирана дел од Меѓународната манифестација “Струшки книжевни средби“
Македонско друштво “Илинден“-Тирана беше дел од Меѓународната манифестација “Струшки книжевни средби“ со поетесета Фидана Ќулханџиу како преставник на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана. Меѓународната манифестација “Струшки книжевни средби“ се одржа по шести пат од 7 до 9 јули 2016 во Струга, Охрид и Вевчани, Република Македонија во организација на Здружението за литература култура и наука “Бран“ од Струга и Ревијата за книжевност “Бранувања“ што излегува во Струга. Песните на поетесата, Фидана Ќулханџиу ќе бидат објавени во новиот број на ревијата за книжевност “Бранувања”. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана им се заблагодарува на организаторот на г-дин Петко Шипинкаровски, што годинава, за прв пат Македонско друштво “Илинден“-Тирана беше дел на Меѓународната манифестација “Струшки книжевни средби“-2016 со поетесета Фидана Ќулханџиу како преставник на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана ќе има преставник на Македонците од Република Албанија.
www.ilinden-tirana.com