Курсеви по Македонски јазик во Требиште Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден”-Tирана Огранок Голо Брдо почна со организирање на бесплатни курсеви по македонски јазик за децата Македонци во село Требиште, областа Голо Брдо. Македонско друштво “Илинден”-Tирана Огранок Голо Брдо и Македонско друштво “Илинден”-Tирана се залагаат за зачувањето на македонскиот јазик, македонската култура, традиција и обичаи во Областа Голо Брдо. Курсот го посетуваат деца од 7 години до 14 години два пати седмично. Предавањето го држи Спиро Марку, учител од село Врница Голо Брдо.


Учителот Спиро Марку со децата Македонци во село Требиште областа Голо Брдо

 

www.ilinden-tirana.com