“Градот на светлината“ ве повикува да ја почуствувате магијата на безвременото
Охрид е “Вечниот Град” во југозападниот дел на Република Македонија кој со своето исконско пулсирање ги поврзува старите со новите времиња за навек. Градот Охрид е културната историја на Македонија во мало, најважниот образовен центар и извор на писменоста на словенските народи. Наречен е и колевка на културата, бидејќи таму се наоѓа и најстариот универзитет во Европа (IX век), благодарејќи на дејноста на Св. Климент и Наум. Поради големиот бројна цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. 365 цркви и манастири на број, дел од нив со прекрасен поглед. Црквата на Свети Јован – Канео во езерскиот шир и бисерениот одсјај ќе остане трајно во сеќавањата на сите оние вљубеници во духовниот мир и убавините недопрената природа.
Охрид нуди бројни можности за уживање, дури и за најпрефинетите вкусови. Огромениот број на настани во текот на целата година неможат да останат незабележани. Традиционалното Охридско лето, е едно од најпосетените, каде врвни светски познати имиња доживеаа дел од својата промоција.Охрид е вистинско изненадување за посетителите кои очекуваат тивко историско гратче. Видете ги различните лица на Охрид во ноќта – од мистично и мирно до вибрирачко и модерно. Одлична можност да ја видите најпознатата страна на Охрид, дискретно осветлена под превезот на ноќта, меѓу затскриените мали улички, цркви и најубавите места за поглед на езерото. Пабовите, баровите и клубовите се дел од традицијата и секогаш нудат пријатна забава и позитивна атмосфера, но и возбудливи и незаборавни ноќи.
ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО – НЕИСЦРПНО ДНО НА РЕТКОСТИ
Охридското Езеро е прогласено за Светско наследство и е заштитено од УНЕСКО. Тоа е едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа со повеќе од 200 ендемични видови. Вистината за староста на Охридското езеро, кое на изгрејсонце ви изгледа како штотуку да се родило со зората, лежи во трагите од прастариот живот на дното од неговите води.
Се претпоставува дека е меѓу 4 и 10 милиони години старо. Слатко езеро кое нуди двојно задоволсво за љубителите на водните спортови и на адреналинот. Неповторливо доживување – нуркање во подводните археолошки наоѓалишта единствени на Балканот меѓу атрактивните ендемски форми на живот како на пример охридскиот тркалезен сунѓер.
Побегни од реалноста и биди сведок на својот сон во “Вечниот Град”- Охрид
www.ilinden-tirana.com