Меѓународна научна конференција, по повод 25 годишнината од падот на комунизмот во Албанија
На 27 и 28 ноември 2015 година во Тирана се одржа меѓународна научна конференција по повод 25 годишнината од падот на комунизмот во Албанија. На овој голем собир, на кој учествуваа научници од 19 земји во светот, организаторот Универзитетот Њу Јорк Тирана ги почести учесниците со два исклучителни воведничара и тоа проф. д-р Клаус Оффе од Германија и проф. д-р Мајкл Д. Кенеди од САД. На конференцијата се проговори и за Македонците во Албанија преку статијата “Културните и политичките организации на Македонците од Албанија 1991-2014“ презентирана од проф. д-р Катерина Тодороска и Естела Ѓурѓај. При тоа беше покажан интерес за ова прашање од страна на професорите на Универзитетот Њу Јорк Тирана кои имаат американско или англиско потекло.
www.ilinden-tirana.com