Македонците од Гиновец – Голо Брдо добија струја по 16 години

Поради немањето речиси никакви услови за нормален живот, без струја, водовод, пат, селото го напуштиле 80 отсто од жителите. ­За време на пролетните немири во 1997 година во ова село беше украден десеткилометарски електричен кабел, по што тоа остана без струја. Тогаш почна миграцијата и сега има само 17 семејства .Овие семејства живеат од земјоделие, го произведуваат познатиот компир, а собираат и лековити билки. Во изминатите шеснаесет години додека биле во енергетски мрак, се снаоѓале како знаат и умеат, со гас, свеќи, или модифицирани средства за да имаат енергија. Струја добија вчера, по инвестиција на Владата од 100 илјади евра. Селаните се многу радосни и неверуваат дека по толку долг период добиле струја. ­Недостигот на струја условило да не бидат информирани околу политичките и општествените движења во земјата. Тие не ги познаваат албанските политичари, не знаат ни кој е претседател, ни премиер. Повеќе знаат за македонските политичари, за кои слушаат многу повеќе преку радио од Македонија. Гиновец е едно на 22­ те села во Голо Брдо.


 

www.ilinden-tirana.com