Соопштение:Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод избори на 11 декември во Македонија
На 11 декември 2016 година Република Македонија е пред една од најважните крстосници во своето 25-годишно постоење како независна држава. Единствениот начин да ја извлечеме нашата татковина од длабоката политичка криза во која се наоѓа е да излеземе во што поголем број и да го изразиме нашето демократско право на глас. Во овие специфични времиња ваквото право е всушност морална обврска и должност пред идните генерации Македонци да се врати државата кон вистинскиот пат како демократски и стабилен лидер во Балканот. Македонско друштво “Илинден”-Тирана посакува изборниот процес и постизборниот период да даде на Македонските граѓани позитивен импулс мотивација и прилика за унапредување во политичкиот социјалниот и економскиот живот во Република Македонија. Се надеваме дека преку овој важен настан Република Македонија ќе чекори успешно и позитивно кон патот на Европската интеграција. Сето ова нема да биде добро само за сите граѓани во Република Македонија и особено за Македонските малцинства во околните земји. За сето тоа е потребен труд од сите политички и граѓански организации и здруженија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана посакува успешни избори позитивен процес позитивна иднина за државата после изборите и успешно формирање на нова влада. Македонско друштво “Илинден”-Тирана посакува најуспешното демократско сценарио во паламентарните изборите на 12 декември.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај
www.ilinden-tirana.com