Kатастрофална состојба од снегот во областа Голо Брдо и Гора Печати
Петок, 11 Јануари 2019 10:14

 

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо го повикува Владата, Општина Либражд, Општина Булќиза и Општина Кукс итно да преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо и областа Гора. Врнежите од снег во изминатите денови создаде тешка ситуација во областа Голо Брдо и Гора. Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температури сите патишта што го поврзуваат областа Голо Брдо и областа Гора се целосно блокирани. Сите села се изолирани и нема доволно резерви на лекови во здраствените амбуланти. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо бара од Владта и од општините да преземат итни мерки за да се подобри ситуацијата.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо 
Претседател Или Халилај