10 декември Меѓународниот ден на човековите права Печати
Понеделник, 10 Декември 2018 11:27

 

Универзалната декларација за човекови права е акт усвоен од Генералното собрание на ОН на 10 декември 1948 година, во Париз. Денес, нејзиното историско значење претставува инспирација за одбележувањето на човековите права ширум светот. Декларацијата е создадена во периодот после Втората светска војна  и означува прво глобално изразување на основни права на сите човечки суштества. Декларацијата се состои од 30 члена кои се вклучени во подоцнежни меѓународни договори, регионални инструменти за човекови права, национални устави и закони, а во неа се вградени Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и неговите два Факултативни протоколи. Во 1966 година, се донесени два детални пакта од Генералното собрание кои ја комплетираат Меѓународната повелба за човекови права за во 1976 година со што Повелбата постанува меѓународен закон, а донесувањето на Декларацијата се воспоставува како ден со кој ќе се одбележуваат човековите права на глобално ниво затоа што како што промулгира Декларацијата: „Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“. Овој ден е добра пригодa ние бранителите на човековите права да ги потсетиме сите чинители на општеството дека човековите права и слободи се составен дел на моралната свест на луѓето со што  јасно е дефинирано како треба луѓето да се однесуваат едни кон други и дека истото го очекуваат од државата. Toa значи дека државата е таа која треба да ги овозможи сите предуслови граѓаните да се чуствуваат рамноправни. Во Албанија со децении, тие биле брутално прекршени од диктатури. По демократските промени во раните 1990-ти, Албанија ја ратификуваше конвенцијата за човекови права од 1996 година. Албанија треба да се обрне вниманието на правата на Македонците во Република Албанија.