Македонско друштво „Илинден“-Тирана бараат од албанија признавање на Македонија под уставно име Печати
Недела, 25 Март 2018 15:14

 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во име на Македонците во Албанија побараа од официјална Тирана да ја признае Република Македонија под уставното ме. Од име на сите Македонци што живеат во Албанија, барање за признавање на нашата матична земја под уставното име доставивме до претседателот на државата Илир Мета, до премиерот Еди Рама, до претседателот на парламентот Грамоз Ручи, како и до лидерите на најголемите опозициски партии, Демократската партија и Движењето за социјалистичка интеграција. Во писменото барање до претседателот Мета, а истото е содржано и во барањето до другите релевантни структури,стои дека Република Албанија, како соседна и пријателска земја, треба да ја признае Републка Македонја под нејзиното уставо име а не со референцата ПЈРМ. Признавањето на Република Македонија со нејзиното уставно име позитивно ќе влијае во унапредување на и така добрите билатерални односи.Меѓу двете земји се остварени низа средби на различно ниво, што претставува солидна база за проширување и зајакнување на соработката во повеќе области, меѓу двете земји,регионот и пошироко, за прашања од заеднички интерес, - стои во барањето. Во барањето потсетуваме, дека Република Макдонија под уставното име ја имаат признато 133 држави ,вклучувајќи ги и трите земји членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија и Кина. Инаку, Албанија е меѓу првите земји ја призна Република Македонија, но под референцата ПЈРМ. Неколку години потоа, во блатералното обраќање почна го користи името Република Македонија.

 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана
Претседател г-дин Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com