Денот на народното востание одбележан во Голо Брдо Печати
Сабота, 11 Октомври 2014 17:59

Амбасадорот на Република Македонија во Тирана г-дин Стојан Карајанов по повод 11 -ти Октомври-Денот на народното востание, денеска престојуваше кај македонците во Требиште областа Голо Брдо. На средбата беа претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо г-дин Ули Халилај. Амбасадорот Карајанов имаше средби со жители на повеќе села со кои преку искрени честитки си го честитаа празникот, а тие го запознаа и со проблемите со кои се сочуваат, инфраструктурен аспкет, образование и здравство.

 

 

Амбасадорот го замоливме да издејствува од владите на двете земји преминот да работи 24 часа, а не како сега, во лето до 20 а во зима до 18 часот. Исто така бараме преку него да може да минува секој намерен или случаен патник  а не само жителите од двете страни на пограничниот регион.На средбата со претставници невладините организации на Македонците од оваа област, амбасадорот се запознал со повеќе прашања и проблеми кои ги преокупираат Македонците, но било разговарано и околу новиот Закон за територијална поделба, со кој се укинуваат македонските општини во областа Голо Брдо.


www.ilinden-tirana.com