Честитка за статус кандидат за ЕУ Печати
Вторник, 24 Јуни 2014 20:31

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува добивањето статус кандидат за ЕУ на Република Албанија. Добивањето на кандидатскиот статус е во корист на сите граѓани, бидејќи европската перспектива на Албанија е перспектива на иднината. Добивањето на кандидатскиот статус треба да ја охрабри албанската влада, и другите актери компетентни во областа на заштита на малцинствата да направат политики во полза на малцинствата, што ќе овозможи целосно исполнување на петтата препорака на Европската унија која што е поврзана со подобрување на човековите права и правата на малцинствата и ќе се гарантира повисоко ниво на третманот на малцинствата во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги поддржува албанските институции во продолжување на реформите потребни за членство во ЕУ и ќе  даде својот придонес во исполнувањето на препораките на Европската комисија во однос на правата на малцинствата.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател  Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com