Македонците во Албанија го прославија Спасовден Печати
Вторник, 03 Јуни 2014 22:07

На 01.06.2014 година во село Горно Крчиште, Маќелара македонците во Република Албанија, го прославија големиот Христиjански празник Спасовден кај црквата Св.Спас која датира од 13 век. По повод шестата прослава по ред за празникот Свети Спас се одржи богослужба. Како и секоја година и ова година за Св. Спас, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своето родно места и заедно со своите најблиски го прославија Вознесение Христово Спасовден. На прославата присуствуваа Македонци со потекло од Горно Крчиште кои што живат во Тирана, Драч,Скопје, Кичево, Тетово.


Ручек Црква Св.Димитрија

 

www.ilinden-tirana.com