Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Архива

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

niprom

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Соопштение: Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го честита големото достигнување на Република Македонија, која  беше избрана како членка во Советот за човекови права при Обединетите Нации со мандат од три години. Советот претставува клучно тело на ОН за унапредување  на состојбата на човековите права ширум светот, како и за утврдување на нови стандарди во оваа област. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е задоволна бидејќи со овој чекор, придонесот на Република Македонија во полето на заштитата станувајќи една од 47-те членки на Советот ќе и отвори одлична можност на Македонија да работи на унапредувањето на основните човекови права на Македонците кои живеат во Република Албанија. За време на отворањето на 4-та седница на Советот за човекови права, генералниот секретар на ОН Бан Ки - Мун изјави: "сите жртви чии човекови права им биле прекршени, треба да гледаат на Советот за човекови права како на форум и отскочна штица за акција."

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com