Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Archive

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Македонија примена во Советот за човекови права на ОН

Денеска во Генералното собрание на ОН Република Македонија беше примена за членка на Советот за човекови права на ОН. Македонската кандидатура  доби поддршка од 177 држави членки на ОН и го пополни едното од двете испразнети места резервирани за државите од Источноевропската група, членки на ОН. Македонија во следните три години ќе има можност да учествува во работата на водечкото светско тело за заштита и унапредување на човековите права. Советот за човекови права има 47 членки кои во соработка со високиот комесар за човекови права разгледуваат извештаи за состојбите во државите членки можат да отворат дискусија за одредени прашања и да побараат испраќање на специјален известувач во одредена земја. Македонското Министерство за надворешни работи го постави членството во Советот за човекови права како еден од своите врвни приоритети во мултилатералата. При својата неодамнешна посета на ОН претседателот на Владата г-дин Никола Груевски и министерот за надворешни работи г-дин Никола Попоски во своите средби работеа за промовирање на македонската кандидатура. Во пресрет на денешното гласање Организацијата ОН-Воч со седиште во Женева од каде работи Советот за човекови права ја прогласи Македонија за една од четирите најдобро подготвени кандидат за членство во овој Совет заедно со Британија, Франција и Мексико. Избрани беа Кина, Куба и Русија.

 

www.ilinden-tirana.com