Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Архива

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

niprom

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Македонија, Албанија и Косово за меѓугранично заштитено подрачје Шар Планина – Кораб – Дешат

Министрите за животна средина и просторно планирање на Македонија Абдилаќим Адеми, неговиот колега од Република Албанија Лефтер Кока и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање на Косово, Шпатим Руди денеска на Попова Шапка го одржаа вториот трилатерален министерски состанок во врска со предложеното меѓугранично заштитено подрачје Шар Планина – Кораб – Дешат. Министерот Адеми нагласи дека станува збор за заеднички проект за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје. Албанија и Косово од своја страна имаат веќе прогласено дел од територијата за вакво подрачје, останува од македонска страна тоа да се направи во соработка со УНЕП, невладините организации и локалните самоуправи и нашето Министерство. Имаме изградено заеднички став дека дел од Шар Планина заслужува да се заштити со што ќе се придонесе во заштита на природата, но и за економски развој на подрачјето со развој на еко-туризмот и промоцијата на природното и културното наследство, изјави Адеми, изразувајќи надеж дека многу скоро ќе достават информација до Владата за отпочнување на постапка за прогласување на Шара како национален парк. Во однос на ставот на месното население, Адеми рече дека во соработка со германската невладина организација „Еуронатур“ биле организирани повеќе средби низ местата на живеење на Шара и оти ставот на жителите полека се менува во прилог на идејата за прогласување заштитено подрачје бидејќи со тоа нема да им се нанесе штета на користењето на имотите и движењето на месните жители. Природата во нашите земји е прекрасна и со вакви проекти се придонесува за добрососедски односи. Со прогласувањето на заштитена зона и од македонска страна се проширува регионот со кој се заштитува оваа прекрасна природа, а ние заеднички ги делиме водните ресурси, шумите и другите елементи од животната средина, така што заеднички треба да придонесеме и за нивна заштита, рече министерот Кока. Според Шпатим Руди ова што го имаме е подарок од природата и треба да работиме на негова заштита. Од наша страна делот од Шара е прогласен за Национален парк, со што ние ги исполнуваме и европските стандарди кои предвидуваат дека 10 проценти од територијата треба да биде заштитено подрачје. Се надевам дека овој позитивен пример ќе се операционализира и во Македонија, а покрај заштитата на природното богатство ќе се овозможи и развој на еколошкиот и планинскиот туризам со што и жителите ќе имаат корист, рече Руди. Пјер Карло Сандеј, претставник на УНЕП, канцеларија на ОН во Виена истакна дека втората конференција е најдобро организирана досега бидејќи има министри и заменик-министер од сите земји, но и други надлежни фактори кои можат да придонесат во заштитата на природата. Се надевам дека и македонската страна ќе го прогласи својот дел за национален парк, но и ќе најде вистинска рамнотежа помеѓу заштитата на биодиверзитетот и природата и економскиот развој на регионот, рече Сандеј. За Љупчо Меловски од Македонско еколошко друштво меѓуграничната соработка со прогласување на трансгранично заштитено подрачје помеѓу Македонија, Албанија и Косово може да придонесе за ефикасна заштита на биодиверзитетот бидејќи на големите цицачи им е потребен поголем простор за живот, а токму овој триаголник Шара – Кораб – Дешат е единственото место каде што опстојува балканскиот рис. Ние добиваме значајна поддршка за нашата иницијатива од меѓународната заедница како што е Канцеларијата на УНЕП од Виена, така и германската невладина организација „Еуронатур“ и се надевам дека со секој ваков собир на високо ниво сме се поблиску до прогласување на Шара за национален парк, рече Меловски.


www.ilinden-tirana.com