Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Архива

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

niprom

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Владата на Република Албанија, г-дин Еди Рама

 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г-дин Трајко Вељаноски, му ја честиташе изборната победа на својот соговорник, посакувајќи му успешна работа во периодот што следи и истакна дека развивањето на добрососедски односи е еден од приоритетите на надворешната политика на Република Македонија, а со остварувањето на средби од највисоко ниво, постојано се зголемува квалитетот на заедничките пријателски односи. Претседателот Вељаноски се осврна и на соработката меѓу двата парламента, која се одвива на сите нивоа и дополни дека Собранието на Република Македонија е подготвено да пренесе искуства по однос на донесувањето на закони поврзани со интегративниот процес на Република Македонија. Во овој дел и двајцата соговорници се согласија дека оваа соработка дава голем придонес во билатералните односи, а во исто време ја јакне целокупната стабилност на регионот и неговите евроатлантски перспективи. Претседателот на Владата на Република Албанија, г-дин Еди Рама, потенцираше дека за Република Албанија е многу значајно да има одлични односи со Република Македонија, како и дека Република Албанија била, е и ќе биде сосед кој посакува интеграција на Република Македонија.



 

На средбата стана збор и за членство на Република Македонија во НАТО, при што претседателот на Владата на Република Албанија истакна дека Република Албанија целосно го поддржува членството на Република Македонија во НАТО, бидејќи зајакнувањето и стабилноста на Република Македонија се значајни за стабилноста и сигурноста на регионот. Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Вељаноски, истакна дека дополнителна вредност во меѓусебните односи помеѓу двете држави и нивните граѓани би дала позитивна одлука на Владата на Република Албанија да го признае уставното име на Република Македонија. На средбата стана збор и за економската соработка, двајцата соговорници се согласија дека трeба да се зголеми активноста во изработка на заеднички проекти на полето на инфраструктурата и енергетиката на двете држави. Исто така, се разговараше и за образованието како сегмент во кој мора повеќе да се инвестира за доброто на идните генерации во двете држави. Претседателот на Владата на Република Албанија, г-дин  Еди Рама, истакна дека е согласен за поголемо интензивирање на регионалната соработка, каде што сите држави од соседството ќе соработуваат за побрза изградба на патната и енергетската инфраструктура со што ќе се зголеми економскиот раст во регионот.


www.ilinden-tirana.com