Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Архива

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Претседателот Иванов оствари средба со претседателот на Владата на Р. Албанија, Еди Рама

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими претседателот на Владата на Република Албанија, г -динЕди Рама. На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, при што заедничка констатација е дека политичките односи бележат позитивен тренд на развој, со континуиран и плоден политички дијалог, и дека во иднина двете земји треба да се фокусираат на можностите за унапредување и продлабочување на економската соработка. „Политичките односи меѓу нашите земји достигнаа ниво кое ни овозможува целосно да се фокусираме на она што е најзначајно за благосостојбата на нашите граѓани, тоа е економијата, инвестициите, инфраструктурното и енергетското поврзување, прекуграничната соработка, туризмот итн. Тоа се областите во кои треба да ја насочиме целокупната наша енергија", истакна на средбата претседателот Иванов, притоа посочувајќи ја потребата од што побрзо завршувањето на Јадранско-Јонската магистрала и нејзино поврзување со Коридорот 8.

Претседателот Иванов ја поздрави соработката меѓу двете влади и изрази надеж за нејзино интензивирање, а со цел конкретизирање на проектите од заеднички интерес. Во однос на заедничката стратешка цел - членството во Европската унија, на средбата беше потврдена заемната поддршка со цел побрза интеграција на двете земји во ЕУ. Во однос на НАТО, претседателот на албанската Влада, г-дин Рама ја реафирмираше заложбата на Република Албанија за полноправно членство на Република Македонија во Алијансата. Претседателот Иванов се заблагодари за досегашната поддршка и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина. Двајцата соговорници изразија подготвеност за унапредување на добрососедските односи и јакнење на регионалната соработка.


www.ilinden-tirana.com