Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Архива

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Стојанка Палко нов генерален координатор на Македонско друштво “Илинден”-Tирана

Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Tirana г-дин Никола Ѓурѓај по поднесена оставка од стрна на г-дин Ерјон Танај генерален координатор на Македонското друштво “Илинден”-Tирана, врз надлежностите означи нов генерален координатор, г-ѓа Стојанка Палко на 01.11.2013 година со мандат до 2016 година. Македонско друштво “Илинден”-Tирана му се заблагодарува на г-дин Ерјон Танај за придонесот во Македонското друштво “Илинден”-Tирана,Танај ќе продолжува да ги подржи активностите на Македонското друштво “Илинден”-Tирана. Г-ѓ Стојанка Палко е родена во Поградец, Република Албанија. Основното и гимназиското образование го завршува во Поградец, со континуиран одличен успех. Во 2006 година е добитник на степендија од владата на Република Македонија во Унверситетот Св."Кирил и Методиј" Стоматолошки факултет Скопје, Репблика Македонија. Од 2010 година е член Македонското друштво “Илинден”-Tирана и дописник на Македонски весник "Илинден". Дипломира во 2012 година Стоматолошки факултет Скопје Репблика Македонија. Во 2012 година беше еден учесник на третата Школа за Млади Лидери што се организира под покровителство на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Македонско друштво “Илинден”-Tирана му пасакува успех на г-ѓа Стојанка Палко.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com