Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Архива

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
26 –ти Интернационален Фолклорен Фестивал во Латзен – Хановер

Македонско друштво “Илинден”- Тирана со делегација предводена од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај и претседател на Македонско друштво “Илинден”- Тирана Огранок Голо Брдо г-дин Ули Халилај го посетиа Латзен Хановер Сојузна Република Германија, и учестува на 26 –ти Интернационален Фолклорен Фестивал во  Латзен –Хановер Германија со фоклорната група  ” Орeшек “ од Областа Гора. Македонски клуб “Илинден” -Латзен Хановер Германија по 26-ти пат организира Интернационален Фоллорен Фестивал, кои преставува една од познатите манифестации на клубот и градот Латзен. Манифестацијата  се одржи на 26-ти Октомври 2013-та година. На фестивалот зема учество фоклорната група “Орeшек “ од Областа Гора, Албанија и Ансамбал “Лупчо Сантов” Оризари- Кочани, Македонија  како  фолклорни групи кои преставуваат културни групи во Латзен – Хановер се преставија со фоклорни групи Полското малциство, Португалство малциство. На 26 –ти Интернационален Фолклорен Фестивал во Латзен – Хановер Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги престави Македонците од Република Албанија со фоклорната група  ”Орeшек“ од Областа Гора. Делегацијата на Македонско друштво “Илинден“-Тирана освари средба со раковоството на Македонски клуб “Илинден”- Латзен-Хановер. Македонско друштво “Илинден“-Тирана додели благодарница Илинден на Македонски клуб “Илинден”- Латзен-Хановер. Македонско Друштво „Илинден“-Тирана  и Македонски клуб Илинден- Латзен-Хановер, Германија  пред една година потпиша договор за соработка една од точките беше и соработка на кутурен план.

 

www.ilinden-tirana.com