Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Архива

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Македонците во Албанија барат почесен консулат во Корча

Претставниците на Македонците во Република Албанија, на  средба во Подградец, меѓу другото од претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов побарале отворање почесен конзулат на Република Македонија во градот Корча. Конзулатот во Корча бараме да биде со конзул  и неопходната  администрација кој ќе има ингеренции исто како амбасадата. Кога нашата матична земја би отворила ваков конзулат во Корча, не мора да се патува до Тирана за некоја информација или услуга од амбасадата, тоа ќе може да го направи конзулатот во Корча. Според него од посебно значење е во Корча да има Mакедонски конзулат зашто Корча е административен град на Префектурата Корча која опфака население од околу 220.000 жители и четири поголеми градови Корча, Поградец, Билишта и Ерсека. Под Корча спаѓа и Мала Преспа и селото Врник во Деволската област и повеќе други села населени со Македонци на граница со Македонија. Овој конзулат ќе одржува поблиски контактите со Mакедонското население во овој регион. Кон крајот на јули годинава во центарот на најголемиот албански пристанишен град, Драч, беше отворен првиот почесен Конзулат на Република Македонија, а почесен конзул е Александар Пило. Македонските граѓани и Македонците во Албанија добија уште еден центар во Албанија каде можат да се обратат за сите евентуални прашања или проблеми кои ги засегаат. Гордо се вее Mакедонското знаме во Драч – изјави тогаш Никола Ѓурѓај претседател на  Македонско друштво „Илинден“-Тирана.

 

www.ilinden-tirana.com