Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Архива

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Соопштение: Македонско друштво “Илинден”-Тирана

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува средбата меѓу Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и Премиерот на Република Албанија г-дин Еди Рама. Изјавата на Премиерот на Република Албанија Еди Рама дека ке обврне внимавање за Македонското Национално Малциство во Република Албанија е голем чекор и дава надеж дека новата влада на Албанија и премиерот Рама, ќе продолжи со демократските процеси и ќе ги подобрува правата на Македонското Национално Малциство во Република Албанија. Средбата меѓу Иванов и Рама покажа уште еднаш дека Република Македонија и Република Албанија се пријателски земји. Македонското друштво “Илинден”-Тирана верува дека ќе продолжат вакви средби на корист на двете земји. Балканот треба да се одлепи од историјата на омразата и војните меѓу народите.

Со почит

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com