Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома За Нас

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Македонско друштво “Илинден“-Тирана PDF Печати Е-пошта

Македонско друштво ''Илинден''-Тирана е формиранао 06.02.2009 година во Тирана, Република Албанија од група граѓани со Mакедонско потекло кои живеат во Тирана, друштвото е воспоставено со цел да се заштити Македонското национално малцинство во целата територија на Република Албанија.

Претседател на Македонското друштво "Илинден"-Тирана - Никола Ѓурѓај

Потретседател - Незир Меча

Секретар - Естела Ѓурѓај


За основни задачи на Македонско друштво "Илинден"-Тирана се утврдени:

  • Заштита на малцинските права на Македонското Национално Малцинство во Република Албанија.
  • Организација на фолклорни фестивали во Голо Брдо и Тирана.
  • Активности за запознавање и промоција на културните вредности на Македонското Национално Малцинство во Република Албанија.
  • Организација на курсеви по Македонски јазик.
  • Заштита на мајчиниот јазик и народните костуми и обичаи.
  • Зближување на младите, независно од нивната национална, верска или социјална припадност, со цел за соработка кон подобра иднина.
  • Организирање на семинари, предавања, спортски збиднувања со цел за запознавање и здружување на младината.
  • Создавање на центар за советување за млади за спречување на негативните ефекти кои се појавуваат во нивните животи, како: наркоманија, алкохолизам, трговија со луѓе, проституција и сл.
  • Поттик на младите да бидат промотери на еколошките вредности и биолошкиот диверзитет во Голо Брдо.
  • Обезбедување хуманитарна помош од странски или домашни партнери  за поддршка на програмите и проектите на здружението за помош на младите.
  • Извршување на студии и истражувања на полето на социјални служби и правата на младите луѓе.
  • Информирање на јавноста и надлежните власти за проблемите на младите како: образование, вработување и интегрирање во општествотo.
  • Лобирање за правата на младината, зголемувајќи го влијанието во делот на правните реформи и примена на постоечката легислатива за оваа таргет група.
  • Организирање на културно-уметничка програма, телевизиски програми за млади и проблематиката која нив ги засега, како и нивна публикација во весници, списанија, документи, летоци итн.
  • Извршување на секое дејство и иницијатива што ќе послужи за постигнување на целите на ова Здружение и што е во согласност албанската легислатива во сила.

 

Знаме на Македонско друштво "Илинден"-Тирана



Грб на Македонско друштво "Илинден"-Тирана




Македонско друштво ''Илинден''-Тирана Огранок Голо Брдо е формиранао 15.10.2012 година. Со цел заштита на Македонското национално малцинство во Областа Голо Брдо Република Албанија.

Претседател на Македонското друштво "Илинден"-Тирана Огранок Голо Брдо - Или Халилај

Подпреседател - Алфред Садику

Секретар - Агрон Фетаху


Знаме на Македонско друштво "Илинден"-Тирана Огранок Голо Брдо


 

Грб на Македонско друштво "Илинден"-Тирана Огранок Голо Брдо