Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Архива

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Летен камп “Ја сакам Македонија” за Mакедонските дечиња од соседните земји на Македонија

Во организација на Министерството за надворешни работи, од 18 до 25 август 2013 година во Охрид се одржува вториот Летен камп “Ја сакам Македонија” на којшто учествуваат вкупно 35 ученици, припадници на Mакедонското национално малцинство од Србија, Албанија, Косово и Бугарија.

Од Република Албанија на летниот камп учествуваа Mакедонски деца од областите Голо Брдо и Мала Преспа, како и од градовите Корча, Подградец и Билишта. Во рамките на програмата на Летниот камп – 2013, се одржува настава по Mакедонски јазик, Mакедонска култура и историја од страна на предавачи од Филолошкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.

Овој настан претставува дел од проектот на Владата на Република Македонија "Далеку а блиску” чија главна цел е подигнување на нивото на познавањето на македонскиот јазик меѓу припадниците на македонските национални малцинства во соседните земји и Mакедонските заедници во дијаспората. Летниот камп “ Ја сакам Македонија” и оваа, втора година по ред, се одржува во хотелот „Конгресен Центар” во Охрид, а предвидено е да трае до 25 август. Настанот има за цел да го подобри познавањето на мајчиниот јазик на целната група и едновремено да се создаде поголемо заедништво помеѓу Македонците од соседните земји.

Освен наставната компонента, учесниците имаа можност да ги посетат културно – историските знаменитости во Охрид и охридското крајбрежје, како што се Музејот на вода – залив на коски во месноста Градиште, манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски како и Самуиловата тврдина црквата “Св. Пантелејмон” на Плаошник и Куќата на Робевци во Охрид и да проследат проекции на документарни филмови за историјата на Македонија и македонскиот народ. Предвидено е, секоја година да се зголемува бројката на учесници на кампот, а право на учество да имаат сите Македонци, без разлика на кој дел од светот живеат, што укажува дека овој проект полека прераснува во една традиција којашто ги обединува Македонците од дијаспората и Mакедонските национални малцинства од соседните земји, во Република Македонија.

 

www.ilinden-tirana.com