Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Arkiv

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Амбасадорот Стојан Карајанов ја претстави платформата за дипломатски активности во Албанија

Г-дин Стојна Карајанов Амбасадор на Република Македонија во Тирана Република Албаниија

Унапредување на политичките и економските односи со пријателска Република Албанија, како и на правата на Mакедонското малцинство во Република Албанија, ќе бидат меѓу приоритетните дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Албанија,Стојан Карајанов пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика во Собранието на Република Македонија јa претстави својата платформа.

Во рамки на интензивирањето на политичката комуникација на високо ниво, Карајанов посочи дека ќе се заложи новата Влада да го потврди прифаќањето на иницијативата за одржување заедничка владина седница покренато од Македонската страна. Во тој контекст најави и активности за унапредување на односите меѓу парламентите на двете земји.

Особен интерес постои, вели, и за нашите искуства во процесот на евроинтеграциите, со оглед дека Албанија се уште чека на статус на кандидат за членство во ЕУ.

Македонија, пак, вели очекува поддршка од Тирана за полноправното членство во НАТО, подвлекувајќи дека таа земја не смета за формална членка на Алијансата.

Во однос на економските релации амбасадорот Карајанов потенцира дека во 2012 година вкупниот обем на стоковна размена меѓу двете земји изнесувал 115 милиони евра, од кои 75 се Македонски извоз во Албанија. Овој тренд, вели, бележи постојан пораст, но се уште има огромен неискористен простор за пласман на Македонски производи и заедничко делување на трети пазари, а во делот на инфраструктурата за заеднички настапи за изградба на обиколницата околу Охридското Езеро, рече Карајанов додавајќи дека од Македонска страна завршени се активностите на оваа делница.

Можност за соработка гледа и во туризмот, во здравството и во образованието, како и во делот на животната средина каде двете земји имаат интерес за заштита на Охридското, Преспанското Езеро и Студенчишкото Блато.

Во однос на Македонското национално малцинство рече дека проблем е признавањето на нивните права, кое вели е и главната забелешка на ЕУ и еден од условите за земјата да добие статус на кандидат за членка. Според него, грешката е направена со пописот од 2011 година каде се регистрирани само 5.521 Македонци, за што има и жалба до Стразбур заедно со србско-црногорското, грчкото и влашкото малцинство.

Новата Влада на г-дин Еди Рама ќе мора да посвети далеку поголемо влијание. Доколку се придвижат работите во оваа насока, во координација со институциите кај нас имам намера да предложиме потпишување спогодба за признавање на правата на малцинствата, обострано вели Карајанов.

Тој најави можност за отворање на Македонски културно-информативен центар во Албанија и воведување конзуларни денови во Мала Преспа и Голо Брдо каде живее доминатно Македонско население.

Во текот на дебатата тој доби поддржа од пратениците за неговото именување на дипломатската позиција како дипломат од кариера со богато искуство. Воедно доби и насоки да работи и на формално признавање на уставното име на Република Македонија од страна на Тирана, која веќе го користи во билатералната комуникација.

За Ромео Треневски од ВМРО-ДПМНЕ, од околу 400.000 или 14 проценти жители на Албанија кои на последниот попис поради определени притисоци не се изјасниле за својата етничка припадност најголем дел се припадници на малциствата Македонци, Грци, Роми,Срби–Црногорци, Еѓиптиани и Власи.

На секој етникум и на секој човек треба да му се даде можност слободно да се декларира. За жал голем број Македонци околу 200.000 немале шанса да се декларираат. Би побарал од вас да направите контакти со сите важни фактори на наредниот попис Македонците воРепублика Албанија да можат да се декларираат, рече Треневски.

Според Беким Фазлиу од ДПА, пак не треба да се проблематизира пописот во Албанија.

Реплицираше и Антонио Милошоски, претседателот на Комисијата за надворешна политика, кој ваквите изјави ги стави во дневно-политички цели, а за тоа кој какви права има кај малцинствата, посочи огледало е Парламентот на секоја држава.

Г-дин Стојан Карајанов на дипломатската позиција во Тирана Република Албанија заминува по амбасадорскиот мандат во Република Косово.

 

www.ilinden-tirana.com