Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Архива

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
100 години од Букурешкиот договор

Денеска се навршуваат 100 години од потпишувањето на Букурешкиот договор (од 10 август 1913), кој го означил крајот на Балканските војни. Договорот бил потпишан помеѓу завојуваните страни во Втората балканска војна: Србија, Црна Гора, Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Во оваа војна Бугарија била принудена на отстапки, бидејќи била притисната од другите завојувани страни. Имено Кралството Романија со својата војска вршело постојан притисок од север, здружените војски на Србија и Грција напаѓале од запад, а отоманската војска вршела напади од исток. Со овој договор исто така била извршена повторна поделба на териториите што дотогаш биле под турска власт (Македонија, Косово и Метохија, Васоевиќи, Санџак, Тракија и северен Епир). Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 км2 го добила Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 км2 и бил даден на Бугарија, а Албанија добила 1.115 км2 во западниот дел. Романија ја добила јужна Добруџа од Бугарија и се зголемила за 8000 км2 со 303.000 жители. Букурешкиот мировен договор претставува единствен меѓународен договор што не ги потпишале сите големи сили и што бил во голема мера против нивните интереси. Исто така, големите сили не ги зеле предвид барањата на македонскиот народ, чии претставници, од повеќе асоцијации, особено од Русија и Швајцарија, интервенирале да се зачува идентитетот на македонскиот народ и единството и целината на македонската територија.

www.ilinden-tirana.com