Илинден, традиционално го одбележаа и Македонците во Република Албанија |
Во областите Голо Брдо се одржаа прослава по повод денот нa Илинден. На прославата во областа Голо Брдо присуствуваше македонскиот амбасадор во Тирана Република Албанија Г-дин Веле Трпевски, пратеничката na Македонскиот парламент Г-ѓа Лилјана Поповска, како и делегација од Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден “-Тирана Огранок Голо Брдо и Претседател на Македонски клуб “Илинден“- Лацен Хановер Германија Г-дин Живко Лазаров. Некогаш прославите се одржувале над селото Гинвец, каде постои црквата „Свети Илија“, додека од пред четири години Илинден заеднички Македонци православни и Македонци муслимани слават во Требиште. Организатор на прославата беше координаторот на партијата Македонска Алијанса за Европска интеграција во Голо Брдо Г-дин Едмонд Османи.
www.ilinden-tirana.com |