Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Архива

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Народниот правобранител на Албанија ќе бара поголеми права за малцинствата во земјата

 

Албанскиот народен правобранител Игли Тозани, заедно со малцинствата во земјата ќе бара подобрување на малцинските права. Тозани ова го најавил на средбата со преставници од малцинствата, и се договориле да се формира заедничка работна група која ќе подготви посебен извештај за положбата и правата на малцинствата во земјата. Oваа работна група ќе инсистира на подобрување на положбата на малцинствата во земјата.

„Во декември Советот на министри на Европа треба да одлучи дали Албанија ќе добие кандидатски статус за членство во Европската унија.Овој извештај ќе биде дополнителен притисок за новата албанска влада и парламент, кои треба да започнат да ги подобруваат правата на малцинствата за до декември се исполнат дел од барањата на малцинствата и Албанија да добие кандидатски статус", изјавил Стерјовски

Меѓу главните барања на малцинствата се признавањето на малцинствата на целата територија, изготвувањето и одобрување на закон за малцинства, потоа потпишување на Европската повелба за регионални или малцински јазици, како и обезбедување на мајчин јазик за малцинствата.


www.ilinden-tirana.com