Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Македонско друштво „Илинден”-Тирана повторно го актуелизира барањето граничниот премин PDF Печати Е-пошта
Петок, 13 Декември 2019 22:25

Македонско друштво „Илинден”-Тирана и огранокот за Голо Брдо повторно побараа од владите во Скопје и во Тирана, граничниот премин Џепиште – Требиште во близина на Дебар да функционира 24 часа. Во соопштението на друштвото се наведува дека повеќе од неопходно е овој премин, кој е отворен во мај 2013 година, да функционира 24 часа. Владите на Македонија и на Албанија на заедничката седница одржана во Поградец на 15 декември 2017 година донесоа одлука граничниот премин Џепиште – Требиште да работи 24 часа. Ако овој граничен премин работи 24 часа тоа ќе биде од голема полза за жителите на Голо Брдо бидејќи сега работи со ограничено време и создава проблеми во комуникацијата и патувањето за Македонија. За нив поблиску е да патуваат до Дебар, отколку до најблискиот албански град Пешкопеја. Повторуваме дека под итно бараме да се реши овој голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо, пред дапочнат да пааат облнте снегови,кога областа со денови е завеана во снег и единствен најблизок излез е токму овој премин па тешко болните се носат во болницата во Дебар. Се додава дека со ова ќе им се помогне на Македонците од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, а и поголем број туристи ќе ја посетуваат областа Голо Брдо. Граничниот премин за локален граничен сообраќај Џепиште – Требиште работи од 8 до 20 часот во летниот период и од 8 до 18 часот во зимскиот период. Преминот е наменет пред се за жителите во пограничните зони на двете држави, а од 2014 по изградбата на асфалтен пат и од албанска страна, може да се патува и со моторни возила.