Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод Успение на Пресвета Богородица PDF Печати Е-пошта
Вторник, 27 Август 2019 17:49

Во пресрет на утрешниот голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, упатија честитка до Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот. Во честитката се наведува дека празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Ваше Блаженство, дозволете ни, Вам лично, на сите Македонци каде и да се во светот, на членовите на Светиот архијерејски синод, да Ви упатиме искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Празнувањето на успението на Мајката Божја значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата,-стои во честитката. На овој голем празник, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и на огранокот, Или Халилај, со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет. Голем број македонски семејства низ Албанија Денот го одбележуваат како домашна слава.