Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Архива

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Галичка Свадба

Галичката Свадба или Петровденската Галичка свадва оваа година се одржува на 13 и 14( сабота и недела) јули. Богата е со многу оригинални, единствени и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат ,зурлите и ечат тапаните „од Галичник до Река“, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод.

Галичката Свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите. Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба.

Секоја година за време на Галичката свадба, се почитуваат голем број на обичаи кои ја карактеризираат оваа свадба: чукањето на тапаните, свекрвино оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле”, и други обичаи, кои полека изумираат но кои во себе содржат и кријат многу детали од животот на Галичанецот во минатото.

Секој Петровден, во јули, е ден на раскошните носии, езгиите, величествените обреди и ритуали на единствената Галичка свадба, чие пошироко значење своја круна добива со влегувањето во ризницата на духовни вредности на човештвото што се под заштита на УНЕСКО. Порано свадбарските церемонии траеле пет дена, а традиционално свадбата се одржувала на Петровден. Секој ден од свадбата има посебни обреди што се изведуваат по утврдени обичаи. Галичката свадба е туристички настан и вистинска свадба, за која секоја година се избираат двајца млади кои ќе се венчаат на тој ден. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од галичко семејство.

Секој Петровден, повторно е празник за очите и воздишка за душата, раскошните носии, езгиите, величествените обреди и ритуали на единствената Галичка свадба, чие пошироко значење своја круна добива со влегувањето во ризницата на духовни вредности на човештвото што се под заштита на Унеско.

Чинот на свадбата

Порано свадбарските церемонии траеле пет дена, а традиционално свадбата се одржувала на Петровден. Секој ден од свадбата има посебни обреди што се изведуваат по утврдени обичаи. Пет дена пред Петровден се собира папрат и јаворово дрво од кои во дворот на младоженецот се прави колиба во која се сместуваат тапанџиите кои доаѓаат од Дебар. На две вечери пред Петровден се реди бајракот. Редењето се врши на свечен начин во присуство на гости кои се поканети да дојдат на обичајот редење на бајракот. Гостите се гоштеваат и околу полноќ почнуваат со неговото украсување со разни цвеќиња. Во таа прилика девојките пеат пригодни песни за неговото украсување

Официјална програма на денот на свадбата:

08:00 Канење на мртвите роднини.

Утрото на Петровден, зетото со најблиските роднини оди на гробишта да им направи чест на мртвите, да ги покани на свадбата, да побара изин - дозвола за женење. Кога ќе пристигнат на гробиштата, свирачите остануваат отстрана, свирејќи жална мелодија, специјално посветена за овој момент - канење на мртвите.

09:15 Канење на кумот

Зетот со неколку другари оди на зовење кај кумот, побратимот и бајрактарот. При зовењето тапаните изведуваат езгии. Роднините ги кани специјална зовачка, млада невеста со придружба. Зовачката носи со себе карта полна со вино и накитена со цвеќиња.

09:30 Бричење на зетот

На денот на земањето на невестата се повикува бербер или побратим да го бричи зетот. Пред да почне бричењето младоженецот зема прошчење од своите домашни и од најблиската рода и на сите им бакнува рака. За тоа време роднините плачат, особено најблиските од куќата, бидејки овој настан претставува одвојување од своето семејство и поклонување кон невестата т.е. кон основање на свое семејство, на што уптатуваат и зборовите од песните што се пеат при оваа пригода: Одклони се од мајка, од татко, приклони се кон млада невеста. По бричењето зетот се мие со вино до три пати и обично го мие стариот побратим.

10:00 Одење по невестата

10:30 Пристигнување на стројниците

10:45 Невестата им посакува добредојде на стројниците

10:30 Пристигнување на стројниците

10:45 Невестата им посакува добредојде на стројниците. Стројниците седат на софрата пред куќата на најблиските роднини на младоженецот, додека мајката на младоженецот и дава подароци на невестата, а потоа на невестата и ја бакнува раката.

11:00 Строење на невестата

Пријателите на младоженецот ги известуваат гостите дека невестата е подготвена и тие се подготвуваат да одат. Невестата се качува на коњ, додека пак колоната ја предводи носачот на знамето.

11:20 Пречекување на невестата

11:30 Свадбена церемонија - венчавање

12:00 Свадбен банкет

11:30 Свадбена церемонија - венчавање

12:00 Свадбен банкет

По свадбената церемонија пред платото на „Упија“ се изведува свадбениот банкет.

12:30 Носење на невестата пред „Упија“

каде го започнува невестинскиот танц. Таткото на младоженецот и кумот ја предводат придружбата. Невестата е донесена пред чешмата за да ги наполни садовите со вода. Потоа невестата го започнува невестинскиот танц.

12:45 Испраќање на свирачите

По завршувањето на свадбените обичаи, најблиските роднини се збогуваат со свирачите.


www.ilinden-tirana.com