Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Македонско друштво “Илинден” учестуваше на работен состанок на групата на словенските малциства PDF Печати Е-пошта
Среда, 24 Јули 2019 16:31

Македонско друштво “Илинден”-Тирана како рамноправна членка на Унијата на европските националности (ФУЕН) и како дел на групата на словенските малцинствата од Европа учестуваше на работен состанок на групата на словенските малциства. Покрај другите, во работа на групата учестуваше и Никола Ѓурѓај претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај информира за состојбата на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на работниот состанок оствари средбa со Бернхард Зиец, претседател на работната група, и со Матиц Гермовшек Ж кординатор. Во групата на словенските малциства од Eвропа се 28 организаци, рамноправни членки на ФУЕН. Конгресот го организира Партија на унгарската заедница во Словачка и Карпато-германски здружение во Словачка, организаци членки на ФУЕН, ќе трае до 16 јуни а учествуваат 103 организации членки од 35 земји во Европа. Македонско друштво „Илинден”-Тирна е рамноправен член на ФУЕН  од мај 2015 година.