Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Обраќање на Никола Ѓурѓај, Преседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 11 Февруари 2019 11:24

Добровечер,

Ваша екселенцијо Данчо Марковски, амбасадор на Република Македонија во Република Албанија

Почитуван господин Андреј Глушенко, трет секретар во Амбасада на Руска Федерација во Република Албанија

Почитуван господин Борис Марков, трет сектор Амбасада на Руска Федерација во Република Албанија

Почитуван господин Карам Фарај, конзул на Државата Палестина во Република Албанија

Почитуван господин Кастриот Тота, претставник на Агенцијата за поддршка на граѓанското општество

Почитуван господин Маринко Чулафиќ, претседател на Црногорската заедница во Република Албанија

Почитувана д-р Ели Луческа, директорка на Институтот за старословенска култура од Прилеп, Република Македонија

Почитувана д-р Мери Стојанова, директорка на Националната установа “Завод и Музеј“ од Битола, Република Мкедонија

Ценети присутни,

Дами и господа,

Драги пријатели,

Денес одбележуваме значаен јубилеј. Годинава се навршуваат десет години од формирањето на Македонското друштво “Илинден”. Македонско друштво “Илинден” е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден“, за периодот од десет години оствари многу активности, секоја од нив заслужува внимание.

Ќе издвоиме некои од нив:

(1) На 16 јануари 2010 година во Тирана организиравме донација на книги за дечињата Македонци што го учат Македонскиот јазик

(2) На 10 јули 2010 година учествувавме на Фестивалот “Разиграно оро“ во Охрид, Република Македонија

(3) На 27 март 2011 година во Офицерскиот дом во Тирана организиравме промоција на македонски документарни филмови

(4) Од 28 јули до 05 август 2011 година учествувавме во Шолта, Република  Хрватска, на Летна Школа за Македонски јазик

(5) 2013 година на Фестивалот “Гора Фест“ во организација на Македонската Горанска заедница на Косово учествуваше членот на Друштвото Флоренц Садику со народни песни

(6) Остваривме безброј средби со многу државни институции и општини, а соработката ја проширивме со невладиниот сектор, во земјата и странство.

Како најзначајна активност на Македонското друштво “Илинден“ на меѓународен план ја цениме посетата на 20 февруари 2015 година на потпретседателот на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) господин Халит Хабип Оглу и правен застапник господин Франк Дер Боер. На средбата беа присутни претседателот на Македонско друштво ”Илинден”- Тирана г-дин Никола Ѓурѓај, потпретседателот г-дин Незир Меча и претседателот на Македонското друштво ”Илинден”- Огранок Голо Брдо, г-дин Ули Халилај, потпретседателот г-дин Алфред Садику и секретарот г-дин Агрон Фетаху.

Почитувани присутни,

Во изминатите десет години како претседател на Македонско друштво “Илинден”, заедно со моите соработници, имавме можност да оствариме бројни работни и официјални посети, да се сретнеме и да соработуваме со владини институции, како во Албанија, така и во матичната држава Македонија, и секако соработка остваривме и со меѓународни организации. На сите средби што сме ги имале со претставниците на државните институции во Албанија, Македонија и европските институции ја користевме секоја прилика да размениме мислења за важни прашања за унапредување на положбата и правата на македонското национално малцинство во Албанија.

Ја користам оваа свечена прилика да упатам добронамерна критика до Владата на Република Албанија и до надлежните министерства и организации да посветат посебно внимание и позитивно да одговорат на нашето барање за настава на Македонски јазик во областа Голо Брдо и Гора, и насекаде каде има значителен број Македонци, имајќи предвид дека тоа веќе се остварува во областа Мала Преспа. Бараме Владата да изврши промена на штетната територијална организација на локалната самоуправа и да ги прифати општините во областите Голо Брдо и Гора каде живеат Македонци.

Нашите ставови за Законот за националните малцинства во Република Албанија се исти како и пред донесувањето на овој Закон. Неколкупати укажавме, дека Законот треба да ги реши горливите проблеми на националните малцинства, но со новодонесениот Закон се постигна токму спротивен ефект: Донесе дополнителни проблеми, кои се негативни не само за Македонците, туку и за Република Албанија во целина.

Македонско друштвото “Илинден“ останува посветено на борбата за македонско национално малцинство во Албанија, за унапредување на положбата и правата на Македонците врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност: Реципроцитрет во меѓусебните односи меѓу Македонија и Албанија и по прашањето за Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија како мостови на братство и пријателство меѓу двата народа и двете држави. Ние не трчаме да победиме, туку да преживееме. Не за нас, туку за идните генерации.

Македонското друштво “Илинден“ денес ја прославува својата десетгодишна работа и постоење, а за неговите постигнувања оставаме повеќе да каже историјата.

Да се вечни Македонците во Република Албанија!

Да живее македонско-албнското пријателство!

Ви благодарам на вниманието.