Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонци во Албанија да го бојкотираат референдум PDF Печати Е-пошта
Петок, 10 Август 2018 17:32

 

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо изразува загриженост од престојниот референдум во татковината Република Македонија за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо со индигнација ја отфрла Спогодбата склучена на 17 јуни 2018 година во Нивици, затоа што со неа Владата на Република Македонија се откажува од грижата за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во соседните држави и во светот. Македонците во Република Албанија отфрлаат промена на името на државата Македонија и името на Македонскиот народ и тоа го сметаат за геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото. Македонците во Република Албанија и натаму ќе се борат за своите човекови права и слободи пред домашните власти и меѓународните организации, како неотуѓиво и неприкосновено право на самоопределување и самоидентификација. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо укажува дека промената на името на државата ќе влијае врз идентитетот на Македонците во соседните држави на Република Македонија и целиот свет и поради тоа ги повикува Македонци во Република Албанија и во светот со македонско државјанство да се евидентираат во избирачкиот список, но да го бојкотираат престојниот референдум распишан на 30 септември 2018 година!


Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај


Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо
Претседател Или Халилај