Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Archive

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Во Корча се промовира препечатеното издание на Македонско – Албанскиот речник на Никола Беровски

 

Денес во Корча, Република Албанија се промовира Mакедонско-Aлбанскиот речник од Никола Беровски (1923-1993).Ова е обновено и дополнето издание на овој речник кој бил составен и за прв пат објавен во времето на комунистичката власт во Република Албанија, како помошно средство за изучување на Македонскиот јазик за Македонците во Република Албанија. Никола Беровски е еден од најмаркантните историски личности од поново време посебно за Македонците во Република  Албанија.Тој поголемиот дел од својот живот го поминал меѓу Македонците во Албанија работејќи како учител на Македонски јазик при што истовремено подготвил и објавил бројни учебници. Новото издание на речникот содржи 10.000 зборови, а на крајот од книгата е додена и кратка граматика на Македонскиот литературен јазик. Речникот пред многубројната публика го претставија: Фото Никола, уредник на новото издание, Илинден Спасе, син на познатиот албански писател од Македонско потекло Стерјо Спасе, поздрави и г-дин Едмонд Темелко претседател на Македонска Алијанса за Европска Иннтеграција. Издавањето на речникот е поддржано од Министерството за Надворешни Работи на Република Македонија.


www.ilinden-tirana.com