Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Arkiv

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Претседателот на Собранието на Република Македонија во посета не Република Албанија

Во рамките на официјалната посета на Република Албанија, претседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Трајко Вељаноски се сретна со својот колега, претседателот на Собранието на Република Албанија г-дин Илир Мета со претседателот на државата г-дин Бујар Нишани и со заменикот на претседателот на Владата на Република Албанија, г-дин Нико Пелеши.



На средбата на двајцата спикери, беше изразено задоволство од добро поставените односи меѓу двата Парламенти, како на ниво на претседатели, така и на ниво на Групите за соработка и Комисиите. Господин Мета потенцираше дека севкупната соработка може дополнително да се зајакне, со прагматичен и конструктивен пристап кој на граѓаните ќе им обезбеди поубаво живеење. Тој изрази одлучност соработката да се подигне на уште повисоко ниво, за што многу значајни се пораките кои ги праќаат претставниците на двете држави. Господин Мета истакна дека Албанија отворено истапува со поддршка за Република Македонија и со укажување дека таа треба да е членка на НАТО и треба да ги отпочне преговорите со Европската унија и дека кога овие прашања би зависеле од Албанија, Република Македонија одамна би била член на двете организации.



 

Соговорниците споделија очекување дека месецов Република Албанија ќе го добие кандидатскиот статус и воедно изразија подготвеност за споделување на стекнатото искуство кое Република Македонија како земја-кандидат може да го пренесе на својот сосед. Економската соработка и просперитет беше потенцирана како обврска за политичарите, но и начин да се надминат и политичките потешкотии и пречки и можност преку економски напредок да се премостат одделни проблеми од минатото. На средбите беше дискутирано и за малцинствата во двете држави, посветеност кон зајакнување на меѓусебната доверба, значењето на двете малцинства во одделните држави, односот кон нив како реалност и можност за градење уште постабилен мост во односите на двете држави.



 

Беше потенцирано дека на Албанците во Република Македонија и на Македонците во Република Албанија се гледа како на фактор кој наместо да дели, соединува, затоа што се своевидна органска врска меѓу двете држави. Значењето на посетите и на средбите на сите нивоа, соговорниците го сметаат за дополнителен импулс, придонес кон зајакнување на севкупните односи, унапредување на пријателските релации, но и порака и јасен сигнал до граѓаните и бизнис заедниците за уште поблиска и подобра соработка.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г-дин Трајко Вељаноски во рамките на официјалната посета се обрати и на  приемот организирано во Хотел Тирана Интернационал од амбасадорот на Република Македонија во Тирана Република Албанија г-дин Стојан Карајанов за 20 години воспоставување дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Република Албанија, присутни беа и преставници на Македонската заедница во Република Албанија.

 

www.ilinden-tirana.com