Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома Archive

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Во Тирана се промовира препечатеното издание на Македонско – Албанскиот речник на Никола Беровски

Никола Беровски

По повод 90 годишнината од раѓањето на Никола Беровски, истакнат учител, учебникар за Mакедонското Национално Малциство во Република Албанија, во Националниот Историски Музеј во Тирана, на 21 ноември, со почеток во 17.30 часот се одржи промоција на препечатенoто издание на речникот на Никола Беровски, Македонско-Албански речник од авторот Фоте Никола. Фоте Никола авторот кој го препечатува речникот на Беровски  овој речник содржи на 10 илјади зборови. Речникот е испечатен во 500 примероци, се подара на денеска на промоцијата на  Македонците во Република Албанија, подржан е од Министерството за Надворешни Работи на Република Македонија. За препечатување на овој речник Фоте Никола, претходно има аплицираше во неколку иституци во  Република Албанија, но од таму доби одговор дека нема средства за препечатување на овој речник. Меѓу присутните беа г-ѓа Драгица Беровски ќерка на Никола Беровски, синот на Стерјо Спасе г-дин Илинден Спасе, амбасадорот на Република Македонија во Тирана г-дин Стојан Карајанов амбасадорот на Република Црна Гора во Тирана г-дин Ферхат Диноша, делегација на Македонско друштво “Илинден”- Тирана предводена од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај и делегација на Македонско друштво “Илинден”- Тирана Огранок Голо Брдо предводено од претседателот г-дин Ули Халилај, секретар на Фондацијата Никола Беровски г-ѓа Арјана Шутку.

 

www.ilinden-tirana.com