Македонски (Macedonian)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)
Дома

15894413 10210265541826869 1337301706468601472 n

logo-fakturi

baner1

Macedonians rights in Albania

Macedonians in Albania
 
Македонската Алијанса: Јавен повик за поддршка на Македонците од Голо Брдо и Гора PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 09 Јануари 2017 11:08

 

 

Јавен повик за поддршка на Македонците од Голо Брдо и Гора во Албанија

Почитувани,

Во врска со соопштението на Македонско друштво "Илинден“ од Тирана кое преку својот Претседател Никола Ѓурѓај ја информира Македонската јавност за незавидната положба во која се наоѓаат Македонците од Голо Брдо и Гора кои се завеани од снежното невреме и целосно заборавени од локалната и централна власт на Албанија.

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го упатува следниот повик:

Македонската Алијанса ги повикува сите општествено-политички чинители во Татковината да го дигнат својот глас и да побараат од Албанската Влада на Еди Рама, веднаш и без одлагање да преземе се што е во нејзина надлежност да им помогне на нашите браќа и сестри кои живеат во Голо Брдо и Гора.

Во овие целосно запоставени региони во Албанија, живеат околу 30 илјади Македонци кои во овие поларни студови се соочуваат со недостаток на електрична енергија, непроодност на патиштата и намалени резерви на лекови во амбулантите. Страшно е сознанието е што локалните власти на Либражд, Булќиза и Кукус каде после неправедната територијална организација од 2015, припаднаа Голо Брдо и Гора, и во вакво снежно невреме не покажуваат агилност да им помогнат на нашите браќа и сестри Македонци.

Кога може Еди Рама да се меша во нашите внатрешни прашања со образложение дека се грижи за Албанците кои живееле во Македонија, тогаш можеме и ние да покажеме грижа за Македонците кои живеат во Албанија. Сметаме дека незаинтересираноста на централната и локалната власт на Албанија да им помогне на завеаните Голо Брдо и Гора е многу повеќе политички проблем отколку неспособност на нивните институции.

Македонските политички партии во Татковината освен што треба заеднички веднаш да побараат од Албанската Влада да интервенира и да ја санира конкретната состојба со снежното невреме во Голо Брдо и Гора, истовремено мора час поскоро да се обединат за конкретни барања за положбата на Македонците во Албанија.

До Владата на Еди Рама да се достават барања за ратификација на повелбата за регионални и малцински јазици на Совет на Европа, за признавање на Македонското малцинство, за еднаков третман на Македонците од Голо Брдо и Гора со оние од Мала Преспа, изучување на Македонски јазик, како и преиспитување на административната поделба од 2015 и признавање на Уставното има на Република Македонија.

Македонските политички партии мора да подигнат нивото на демократска и политичка битка и преку заедничка активност со конкретни постапки да ја унапредиме поддршката за нашите браќа и сестри Македонци кои живеат во Албанија и кои со децении водат битка за основањето на Македонски културни центри, фолклорни групи, обезбедување на програма на Македонски јазик на Државната Албанска телевизија, правична и пропорционална застапеност во Државните институции, стипендии за Македонските студенти, достапност на образовниот процес и изучување на Македонскиот јазик.

Остварувањето на овие права е предуслов за силна и економски просперитетна Татковина!

 

www.mkalijansa.org.mk

 
Соопштение: Kатастрофална состојба од снегот во областа Голо Брдо и Гора PDF Печати Е-пошта
Недела, 08 Јануари 2017 15:49

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана го повикува Владата, Општина Либражд, Општина Булќиза и Општина Кукс итно да преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо и областа Гора. Врнежите од снег во изминатите денови создаде тешка ситуација во областа Голо Брдо и Гора. Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температури сите патишта што го поврзуваат областа Голо Брдо и областа Гора се целосно блокирани, со денови нема електричната енергија. Сите села се изолирани и нема доволно резерви на лекови во здраствените амбуланти. Македонско друштво "Илинден"-Тирана бара од Владта и од општините да преземат итни мерки за да се подобри ситуацијата.


Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com

 
Македонско друштво “Илинден“- Тирана Огранок Голо Брдо учестува на зимскиот камп Снежна Македонија PDF Печати Е-пошта
Недела, 08 Јануари 2017 11:26

Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо учестува на зимскиот камп “Снежна Македонија-2017” со четри деца Македонци од областа Голо Брдо присутен беше и Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај. Зимскиот камп “Снежна Македонија-2017” под покровителство на Министерството за надворешни работи се одржа од 3 до 8 Јануари во Крушево, Република Македонија. На кампот учествуваaт деца Македонци од Албанијаи и Србија. Зимскиот камп “Снежна Македонија-2017” е дел од поширокиот владин проект “Далеку,а блиску“ за приближување на сите лица кои имаат македонско потекло а особено најмладите негување на македонскиот идентитет и создавање долгорочни врски со Република Македонија и македонската култура. Учесниците ги поздрави и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски кој говореше за улогата и значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на културниот идентитет. На учесниците на овогодинешниот камп им беа доделени благодарници, книги на македонски јазик и новогодишни пакетчиња.

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

 
Честит Раѓањето Христово - Божик. Христос се роди! PDF Печати Е-пошта
Петок, 06 Јануари 2017 09:42

Почитувани Македонци и Македонки, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честитамe Раѓањето Христово - Божик. Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Претседател Никола Ѓурѓај 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Претседател Ули Халилај

 


Të dashur Maqedonase dhe Maqedonas, në emër të Shoqatës Maqedonase "Ilinden"-Tiranë dhe Shoqata maqedonase "Ilinden"-Tiranë Dega Gollobordë, ju urojmë Gëzuar Krishtlindjet. Gëzuar festën dhe për shumë vite. Krishti lindi!

Shoqata maqedonase ‘’Ilinden”-Tiranë Kryetar z. Nikolla Gjurgjaj
Shoqata maqedonase "Ilinden"-Tiranë Dega Gollobordë Kryetar z. Ylli Halilaj

 
Честитка на македонски јазик на албанската државна телевизија PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 02 Јануари 2017 10:53

Продолжува традицијата новогодишна честитка на македонски јазик беше емитувана на албанската државна телевизија во централната информативна емисија - Дневник во16 и во 20 часот. Честитката ја упати Нико Китани, член на Државниот комитет за малцинства при албанската Влада претставник на македонското национално малциство. Новогодишните празници се време кога си ги потврдуваме нашите искрени честитки. Ги испраќам моите најискрени желби да им ја честитам Новата 2016 година на сите Македонци било каде и да се и на сите граѓани на Република Албанија. Ви посакувам добро расположение за време на новогодишните празници со желба за добро здравје, среќа и уште поголеми успеси во годината што доаѓа. Етничката припадност и политиката да ја тргнеме на страна, да ни биде второстепен дел од нашиот живот. Да се здружиме сите заедно само така можеме да изградиме подобра иднина за сегашните и идните генерации, стои во честитката на Китани. За првпат честитка и на македонски јазик беше емитувана 2015.

 

 

www.ilinden-tirana.com

 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Страница 11 од 64